Загина велосипедист кај Македонски Брод

Вчера околу 14: 50 часот на регионален пат Скопје–Македонски Брод, кај место викано „Бабин дол“, патничко возило „мицубиши“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.В.(47) од Македонски Брод, удрило во велосипедист С.П.(65) од Македонски Брод.

По незгодата, велосипедистот бил пренесен во Здравствена установа Македонски Брод, каде од здобиените повреди кај него била констатирана смрт.

Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Македонски Брод.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.