Загина жена при уривање на трибина на училишен стадион во Ростов на Дон

Една жена загина, а 26 лица, меѓу кои 15 деца, се повредени кога вчера се урна трибина за гледачи на стадион на територијата на спортско училиште во рускиот град Ростов на Дон.

Инцидентот се случил за време на детски фудбалски турнир соопшти гувернерот на Ростовската област Василиј Голубев.

Според шефот на градската администрација, Алексеј Логвиненко, причина за несреќата бил силен ветер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.