Загинаа 11 лица во пожар во фабрика за петарди во Индија

Индиската полиција денеска соопшти дека 11 лица загинаа во пожар во склад со средства за огномети на југот на земјата, а пет лица беа повредени и пренесени во болница.

Магацинот бил запален во Коталингала, 200 километри северно од Хајдерабад, главниот град на државата Телангана и Андра Прадеш.

Полицискиот комесар В. Равиндра Саид рече дека телата на жртвите биле запалени до непрепознатливост. почната е истрагата за причината за пожарот, објави АП.
Постои огромна побарувачка за огномети во Индија, кои се користат за време на религиозни фестивали и свадби.
Во јануари, во сличен пожар во фабрика во Њу Делхи загинаа 17 работници.
Фатални несреќи се случуваат секоја година во импровизираните фабрики на овие средства поради непочитување на прописите за безбедност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.