Загинаа 4 лица по пожарот во ковид-болница во Букурешт

Четири лица загинаа во ковид болница во Букурешт во пожар кој избувна рано утрово.

Здравствените власти информираат дека се евакуирани 102 пациенти од болницата.

Во меѓувреме, пожарот, кој избувнал околу 4 часот во една од зградите во болницата „Матеј Балс“ во Букурешт, е изгаснат.

Полицијата сѐ уште не ги соопшти причините за пожарот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.