Загинаа 52 мигранти во бродолом во близина на Тунис

Педесет и две лица, претежно мигранти од субсахарска Африка, загинаа при потонувањето на нивниот брод крај брегот на Тунис.

Според изјавите собрани од туниските власти, мигрантите го напуштиле тунискиот град Сфакс упатувајќи се кон Италија во илегален чамец ноќта од 4 кон 5 јуни, со 53 лица на пловилото.

Уште во вторникот, рибари ги предупредиле властите дека во водата забележале тела во близина на островот Керкена, близу Сфакс.

Денеска се пронајдени уште 17 тела, со кои вкупниот биланс достигна 52 мртви, вклучувајќи најмалку 24 жени, изјави регионалниот директор за здравство во Сфакс, Али Ајади. Едно лице се води како исчезнато.

За некои од удавените мигранти веќе се прават погреби, соопштија властите.