Загинаа девет деца во верижен судир среде огромна бура во САД (ВИДЕО)

Десет лица, од кои девет деца, загинаа во верижен судир на 18 автомобили за време на бура во Алабама, пренесува „ВВС“.

Починатите деца биле на возраст од девет месеци до 17 години. Несреќата беше предизвикана од тропската бура „Клодета“, која предизвика големи поплави и торнада во Алабама и уништи десетици домови.

Во еден автомобил, јавува „ВВС“, биле убиени татко и деветмесечно девојче. Останатите осум жртви биле во возилото на домот за напуштени и малтретирани девојки. Најмалата жртва имала само четири години.

– Нашите срца се скршени. Нашето семејство претрпе голема загуба – објавија „Alabama Sheriffs Youth Ranches“ на „Фејсбук“.

Торнадото уништи најмалку 50 куќи во областа Ескамбија. Во невремето загинаа 24-годишно момче и тригодишно момче, додека по еден човек сѐ уште се трага.