Загинаа две лица, едно тешко повредено откако излетале од пат во светиниколско

41

Две лица загинаа, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа која синоќа околу 02:45 часот се случила на крстосница од локалниот пат за с.Горобинци, светиниколско.

Како што информира МВР, автомобил „Ауди“, управуван од В.С.(37) од Свети Николе, излетал од патот.

-Во несреќата возачот и сопатничката С.А.(21) од Свети Николе се здобиле со повреди и починале на местото на настанот.  Сопатникот Д.Ј.(28) се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Јавна здравствена установа Свети Николе, истакнуваат од полицијата.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Свети Николе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.