Загинаа најмалку 23 лица откако пороен дожд ги поплави Њујорк и Њу Џерси

34

Најмалку 23 лица загинаа во поплавите предизвикани од рекордните врнежи во североисточниот дел на САД.

Меѓу загинатите во Њујорк и Њу Џерси има и двегодишно дете. Во Мериленд е пронајдено тело на 19-годишно момче во поплавен стан.

Имено, остатоците од ураганот Ида, кој изминатиот викенд ја опустоши американската држава Луизијана, донесе рекордни количества дожд и огромни поплави.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.