Загинатиот параглајдерист во Љубаниште е Унгарец

Триесет и девет годишен унгарски државјанин Г.Ш.И. е лицето кое вчера загина во Љубаниште, Охрид.
Според досегашните информациите трагедијата се случила поради технички причини на параглајдерот кое довело до нарушување на нормалниот лет, по што парглајдерот паднал во водите на езерото.

Врз телото на починатиот Унгарец е извршена обдукција, а на местото на несреќата полициски увид во присуство на Јавен обвинител.