Загреб во пламен: Над 50 пожарникари се борат со огнената стихија (ФОТО)

Во погонот на фирмата за собирање и преработка на индустриски отпад Ц.И.О.С., во загребската населба Јанкомир, вечерва околу 20:30 часот избил пожар, јавува 24сата.хр.

Со огнената стихија во моментов се борат околу 30 противпожарни возила и над 50 пожарникари, соопшти загребската Јавна противпожарна служба.

-Интервенцијата е во тек, не знаеме детално што се случува таму. Премногу гори, но што точно гори, не знаеме, пишува агенцијата Хина.

Како што се наведува пожарот створил огромен дим, кој се види во западниот дел на градот, во подрачјето на Нов Загреб.

pozar

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Причината за пожарот се уште не се знае, а пожарникарите веројатно ќе го гасат до сабајле, затоа што состојбата е критична. Како што јавува полицијата, во пожарот нема повредени.

pozar1

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

pozar3

pozar4

pozar2

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.