Загрепски Динамо казнет со затворање на трибина и 63.000 евра

Дисциплинската комисија на европската фудбалска асоцијација УЕФА го казни хрватскиот шампион загрепски Динамо со затворање на северната трибина на стадионот во Максимир за следниот домашен натпрвар од Лигата на шампионите и со 63.000 евра.

Казната е изречена поради настаните од второто коло од Групата Д, на натпреварот со белгиски Андерлехт кој се одигра во Брисел.

Динамо се казне со затворање на северната трибина од максимирскиот стадион, со 50.000 евра поради расизам, 5.000 евра за користење на пиротехника, и уште со 8.000 евра поради фрлање предмети на теренот.

Покрај тоа, Динамо ќе мора да ја спроведе директивата на УЕФА под мотото Equal game на следниот натпревар пред своите гледачи и да го прикаже транспарентот #EQUALGAME и грбот на УЕФА преку целата северна трибина.

Динамо на следниот домашен меч во Европската лига ќе игра против словачки Спартак од Трнава на 8-ми ноември.