Загриженост на професори од состојбите на Универзитетот во Тетово

Деновиве на мојот меил не стивнуваат реакциите од страна на вработени професори на Универзитетот во Тетово (УТ), со кои во писмена форма ме известуваат по однос на состојбите на овој универзитет.

Тие го поставуваат прашањето: „Во чија полза е оваа летаргија на нашиот народен универзитет?“.

Немањето реализација на развојна стратегија на Универзитетот. А, тоа е од активностите на менаџментот (ректор, проректори, декани..) кои се занимаваат сами со себе и нивните семејни и клановски опкружувања. Покрај проблемите од различни природи, овој универзитет неколку месеци функционира без највисоките раководни органи. Имено, на актуелниот ректор (Вулнат Амети) му е истечен мандатот, додека едвај се конституираше сенатот со ново-стари членови. Со оваа состојба на универзитетот се создава турбуленции која е од големо значење за нас. Вака создадените турбуленции од ваков вид дава елементи на недоверба како на надворешниот фактор така и помеѓу студентите и самите вработени. Реакциите на професорите е и со поставување на прашањето: Зошто не се објавува конкурс за ректор, како што е предвидено согласно правните акти (Законот за високо образование)?

Дали тоа значи дека изборот на раководните органи, поконкретно на ректорот на УТ и понатака треба да остане заложник на политичките- клански пазарења, како што било до сега, или пак треба да го развива патот кон развојна институционална автономија која е загарантирана и со  Законот за високо образование и е во рамките со објективните стратешки цели на универзитетот, како што се случува во другите институции ширум модерното општество околу нас?

За овие табу теми навидум како да е забрането да се дебатира, или пак се нема смелост за истото. Додека тетовското  опкружување се анимира со глупави теми што не коресподираат со потребите на модерниот свет, во просторите на Универзитетот Тетово владее немост-молк. Впрочем немоста – молкот преставува знак за согласноста или пак се надоврзува со неможноста на раководните органи во институцијата за решавање на проблемите со години нагомилани на институцијата, истите немаат крај.

Пред некое време имаше големи возбудувања на јавноста кои беа кренати до ниво на скандал, а истите беа позврзани со „научните тррудови“ на Медицинскиот факултет, кој во ушите и очите на Државниот просветен инспекторат за високо образование се елиминира на перфиден начин без инспекциски епилог (м.з.вонредниот инспекциски надзор го извршија инспекторите Даниела Кироска, Зоран Ристески, Предраг Илиески непрофесионално и несовесно…)

Ваквиот проблем  на Медицинскиот факултет преставуваат кулминација на Ајсберговата висина во универзитетската фела. На УТ, врз основа на Законот за високо образование и Статутот би требало да се објави конкурс за ректор. Но за чудо, наместо одглас има молк. Потполен молк, кое не објасниво. Молк речиси на сите страни кој што впрочем и требаше да најдат решение на проблемите па дури и да ги спречат сите. Нормално станува збор за легитимни институционални органи како што се ректорат – сенат, деканат, студентски парламент, но и МОН, и другите компетентни  органи, студентите, родителите на студентите, пошироката јавност, медиумите и друго.

Со ваквото несоодветно менаџирање, создадена е прилика за вработување по клуч „Јас твоето дете, а потоа ти моето“! Десетици се, па можеби и стотици вработувања, врз основа на клански врски, семејни или пак партиски препораки, полни со непотизам! Се разбира за соработници се избираат воглавно децата на родителите со позиции во Владата или пак академската фела. Речиси, не постои декан или пак продекан чии деца не се вработени во УТ на децата на „СОПСТВЕНИЦИТЕ“ на универзитетот. Прво ќе им ги „надуваат“ оценките, за да можат  да исполнат законски одредби предвидени во темпирани огласи. Да го кажеме реално дека УТ се многу луѓе кои што не заслужуваат, а воедно и не можат да се во истиот и многу такви кои што експлицитно заслужуваат да се таму!.

Во овие услови пред академската фела на албанците во Република Македонија се поставуваат следните прашања:

  • Зошто се толерираат ваквите девијантни дејанија?
  • Зошто се дозволува да се разреди академското јадро на УТ?
  • Како се случи да во една толку мала географска средина се отвараат три Универзитети со исти факултети?
  • Зошто се дозволи овие Универзитети да се конкурираат помеѓу себе, но не по основа квалитет?
  • Зошто не се направи истражувања и анализа на потребите на пазарот на трудот, за да се одговори, во која област и кои профили се неопходни на пазарот на трудот? И за крај
  • Како дозволи академската фела кај нас, која денес не е мала, во најмала рака врз основа на бројот, да падот наш падне во агонија, се задуши во песимизам и спасот да го бараат надвор од неговиот роден крај?

Одговорот треба да го дадат сите прогресивни сили од надвор и внатрешноста на Универзитетот и да создаваат „ Еден друг вид универзитет“, модерен, кој што ќе го преземе тешкиот товар на ова општество, за да води напред, напред кон севкупниот економски – социјален развој како што се бара во епохата на новото технолошко и научно општество за развој на познавањата?…

Очекувам да се огласи новиот министер за образование и наука. Државниот просветен инспекторат, зошто нема конкурс за ректор на УТ, како и на Универзитетот „Мајка Тереза во Скопје. Нека им биде пример   позитивниот законски избор за  ректор на најстариот универзитет „Св.Кирил и Методиј“-Скопје.

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.