Загриженоста за снабдувањето ја крена цената на нафтата над 93 долари

Цените на нафтата пораснаа во понеделникот на меѓународните пазари над 93 долари за барел, поддржани од сигналите за застој во преговорите за иранската нуклеарна програма и загриженоста за снабдувањето од Русија во очекување на нафтеното ембарго од Европската унија.

На лондонскиот пазар цената на барелот во попладневното тргување е повисока за 63 цените во однос на затворањето на тргувањето во петокот и изнесуваше 93,47 долари. Во речиси ист износ порасна и на американскиот пазар, каде што со барелот се тргуваше по 87,21 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) одвоено објави дека барелот од кошницата референтна нафта на нејзините членки во петокот поскапел за 2,61 долар, на 95,28 долари.

Трговците внимателно ги следат преговорите за заживувањето на договорот за иранската нуклеарна програма од 2015 година, имајќи предвид дека успехот би создал можност за враќање на иранската нафта на светските пазари. Франција, Велија Британија и Германија во саботата изјавија дека „сериозно се сомневаат“ во подготвеноста на Иран да го заживее договорот од кој САД еднострано истапија во 2018-та и ги вратија санкциите против Техеран, со што ги придушија очекувањата дека глобалното снабдување наскоро ќе го добие иранското зајакнување,

Трговците се загрижени и за крајот на годината, кога треба да стапи на сила ембаргото на ЕУ на увозот на руската нафта. Американското министерство за финансии во неделата предупреди дека поради европското ембарго цените на нафтата, бензините и гасот во САД зимава може значително да пораснат. СА

Покрај тоа, САД кои инсистираа и успеаја да издејствуваат групата најразвиени земји Г7 да подготви план за ограничување на цената на руската нафта, за да се ограничат приходите на Русија, како што тврдат за да не ја финансира војната во Украина но истовремено да се задржи пристапот на руските пазари кои не можат потполно да бидат заменети на пазарите. Лимитот на цената би требало да биде поголем од трошокот на производството, а санкциите би забранувале да се пружаат услуги за транспорт и осигурување на транспортот на руската нафта.

Засега во цената, очигледно, не е вкалкулиран стравот од можната реакција на Русија.

Позначителниот раст на цените ги закочија процените дека кинеската побарувачка на нафтата годинава би можело да се намалат првпат по две децении, поради политиката на Пекинг на нулта толеранција на коронавирусот, која за празниците ги задржа граѓаните во домовите па потрошувачката на горивата се намали.

„Континуирано неповолното влијание на обновените кинески коронаограничувања и натамошното забавување на глобалните економски активности дополнително би можеле да ги разгорат сомневањата во долготрајниот период на раст (на цените)“, вели за Reuters Џун Ронг Јеап од IG.