9.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Загрижува загрозеното здравје на граѓаните и сиромаштијата, а на Заев ќе му го препуштиме „танцот со коронавирусот“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Само интервју“ зборуваше за ситуацијата во која се наоѓа Република Македонија и за тоа како Владата се справува со оваа пандемија.

Имено, тој во своето гостување во врска со тоа како Владата се справува со оваа пандемија го истакна

„Нема да навлегувам во стратегијата на Зоран Заев , тој нека такцува со короната. Нашите граѓани имаат реални проблеми. Главниот проблем е како да се справат со ширење на оваа пандемија која се повеќе зема замав во нашата држават и втората работа е сиромаштијата која исто така зема се поголем замав. Не би сакал да го коментирам вчерашното гостување на Заев. Слушнавме многу работи кои навистина, ако во минатато сум мислел дека станува збор за политиканство и определени алатки за да се изврти вистината, после вчерашното негово интервју, јас сум сериозно загрижен од една едноствна причина и ценам дека нема доволно познавања“.

Мицкоски во своето гостување посочи дека сите вчерашни изнесени ставови на Зоран Заев за него се попусти:

„Затоа ќе оставам тој да си танцува со таа негова стратегија за короната, но она што мене ме загрижува е танцувањето со сиромаштијата на граѓаните, но и со обидот да се справат граѓаните со пандемијата која се повеќе се шири“, заклучи Мицкоски.