Захариев: Текстилната и кожарската индустрија ќе бидат во фокусот на моето работење

Актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник на Штип, Илчо Захариев во својата изјава за медиумите истакна дека кожарската и текстилната индустрија се гордоста на градот.

Овие индустриски гранки вработуваат повеќе од седум илјади граѓани, посочи Захариев.

Како многу важна индустрија за градот текстилната и кожарската индустрија ќе бидат во фокусот и во новиот мандат на кандидатот за градоначалник на Штип, Илчо Захариев доколку ја добие поддршката на граѓаните. Илчо Захариев вети дека особено ќе се концентрира на работничките права и подобрување на истите.

„Тој како човек кој потекнува од работничка фамилија знае со какви проблеми се соочуваат работниците и колку е важно подобрувањето на работничките права. Захариев како градоначалник и влијателен човек во општеството вети дека во било кое време ќе прима работници вработени во кожарската и текстилната индустрија со цел да сослушување на нивните барања и реализирање на истите преку своето влијание“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Илчо Захариев потенцираше дека знае колку се важни слободните денови за работниците и ќе се бори со сите сили, саботите и неделите да останат неработни како што се за сите вработени во јавната администрација и поголемиот дел од приватните компании. Захариев вети дека секој вработен во овие две индустрии ќе ги празнуваат државните празници заедно со своите семејства, доколку ја добие поддршката од граѓаните за градоначалник на Штип.