Захариева: Гоце Делчев е Бугарин, кој се борел за автономија на Македонија

Гоце Делчев би требало да нѐ обединува, а не да нѐ разделува, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во интервју за БТВ и истакнуава дека не гледа зошто толку двете држави се караат за Гоце Делчев.

На прашањето чиј е Делчев – на Бугарија или на Македонија, министерката рече дека Гоце Делчев е заеднички.

– Гоце Делчев е заеднички, имаме заедничка историја. Тоа што го бара Бугарија е да ја кажеме вистината. Гоце Делчев е Бугарин, истакнат револуционер, еден од најважните фигури и за нив, кој се борел за автономијата на Македонија – изјави таа.

Захариева истакна дека двете земји имаат заедничка историја, потенцирајќи дека така вели и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави.

За односите со премиерот Зоран Заев вели дека се добри, но дека претстои уште од патот кон заедничката доберба.