Захариева: Северна Македонија не е подготвена за преговори со ЕУ

92

Ако Бугарија замижи на фактот дека Северна Македонија продолжува да ја следи идеологијата поставена од Сталин и Тито, тоа би било од корист за Москва, посочи бугарската министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, за Дневник.бг.

На 17 ноември ќе се одржи Совет за општи работи на ЕУ за да се донесе одлука за можниот почеток на преговорите. Захариева рече дека Бугарија нема да му каже „да“.

„Нивната идеологија продолжува да се развива како што планираа Тито и Сталин. Затворајќи ги очите, и правиме услуга на Москва“, рече бугарскиот министер за надворешни работи, наведувајќи го фактот дека во Скопје градоначалникот, член на владејачката партија, организираше прослава на годишнина од комунистичкиот диктатор на поранешна Југославија, Јосип Броз Тито, и луѓето кои се залагаат за приближување кон Бугарија се декларираат како национални предавници.

„Не сметаме дека во моментот тие се подготвени да ги исполнат условите да започнат преговори“, рече Захариева, потсетувајќи на позицијата на Бугарија: Скопје не го спроведува целосно договорот за соседство потпишан во 2017 година, целата државна политика се заснова на омраза кон Бугарија и нејзините луѓе, а активноста на историската комисија беше прекината еднострано.

„Никој не го оспорува нивното право на самоопределување и да го нарекуваат нивниот јазик како што сакаат, но ние не се согласуваме дека правото на самоопределување треба да се заснова на омраза, кражба на историја и негирање на Бугарија и бугарскиот јазик“, додаде таа.

Нема начин да се каже „да“ во оваа фаза, нагласи министерката. Таа додаде дека Бугарија има отворена рака кон Северна Македонија. Бугарија е членка на ЕУ и тешко дека која било друга членка на ЕУ ќе направи таков напор да му помогне на Скопје да се снајде во ЕУ, рече министерот за надворешни работи.

„Ние не сме непријатели, ние сакаме да и помогнеме, но не на штета на Бугарија“, вели таа, но исто така истакна дека „не постои начин две земји кои имаат нерешени прашања да седнат на оваа тркалезна маса (на ЕУ). .

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.