Захариева смета оти е можно до октомври да има одлука за почеток на преговори со Македонија и Албанија

39

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во вторникот истакна дека можно е до октомври да биде донесена одлуката за почеток на преговорите за влез во Европската Унија на Северна Македонија и Албанија.

Дали може да го добијат двете држави, не можам да бидам сигурна. Добрата вест е што не се разделуваат двете земји, како што сакаа некои земји од Европската Унија. Одлуката е, не подоцна од октомври Советот да се врати кон разгледување на таа тема и да препорача почеток на преговорите, нагласи Захариева.

Истакна дека Бугарија ги поддржува и двете земји.

Ние сметаме дека ќе биде историска грешка, ако не почнат преговорите со двете земји сега, потенцираше Захариева.

Министерката наведе дека позицијата на Бугарија со години е јасна, истакнувајќи дека Софија дава силна поддршка за проширување на ЕУ кон земјите од Западен Балкан.

Сите држави, дури и они кои се поскептични во однос на проширувањето ја поддржаа европската перспектива за земјите од Западен Балкан, како едни од најголемите двигатели за реформите и демократизацијата во регионот, како и за безбедноста и стабилноста, нагласи Захариева.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.