Захарова: Испраќањето тенкови „Леопард 2“ е потврда дека Западот планира војна против Русија

Повеќе реакции доаѓаат од Кремљ на денешната одлука на Германија да испрати тенкови Леопард 2 во Украина. Сега се огласи Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи.

Таа ја опиша одлуката на Германија да испрати тенкови во Украина како „потврда дека Западот планирал војна против Русија“.

Западните земји досега и помагаа на Украина со оружје, но денешната одлука за испраќање тенкови Леопард 2 е нов чекор на Западот во обезбедувањето воена помош на Украина. Американскиот претседател Џо Бајден се очекува денеска да ја објави одлуката на САД за испраќање десетици напредни тенкови Абрамс во Украина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.