Захарова: Не се прекинати контактите меѓу Русија и Турција за Идлиб

Москва и Анкара и натаму оддржуваат непрекинати контакти во однос на ситуацијата во провинцијата Идлиб, сооопшти на брифинг официјалниот претставник на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, цитирана од Тасс.

-Ние сме во секојдневен контакт во серија области преку нашите дипломати и воени експерти. Овој контакт не е прекинат, нема прекинувања, рече таа, одговарајќи на поставено прашање на темата. сд/