Захарова: Русија ќе прифати секакво решение за Косово, прифатливо за Србите

Русија ќе го прифати секое решение за Косово, кое ќе биде прифатливо за српскиот народ, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Она што ќе биде прифатливо за српскиот народ околу ова прашање, тоа со почит ќе биде прифатено од наша страна. Но, прашањето е -дали ова е корисно и што ќе биде корисно за народот во Србија, изјави Захарова за РТС, одговарајќи на прашањето за ставот на Русија околу поделбата на Косово.

На прашањето дали претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп разговарале за Косово, Захарова одговори дека по последната нивна средба била објавена таква инфромација, која, според неа, е лажна вест.

„ Тоа се лажни вести, типични лажни вести“, изјави Захарова.

Нагласи дека ставот на Русија во однос на косовското прашање е доследен.

„Тој став се гради од три компоненти – меѓународно правна основа за тоа што се случува на Косово, почитувањето на суверенитетот на Србија и независноста на српското заканодавство и разбирањето на интересите на Србија како држава и на народот,“ истакна Захарова