Захарова со остра реакција го предупреди Западот – нивниот потег нема да остане без одговор

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека обидот на Западот да го конфискува рускиот имот нема да остане без одговор.

– Обидите за присвојување на рускиот имот и активите ќе се сметаат за грабеж и нема да останат без одговор – рече Захарова на брифингот.

Таа додаде дека сите западни аргументи за легитимноста на конфискацијата на рускиот имот не го поминуваат тестот за легитимност.

– Ако зборуваме за право и законитост што важат со децении, тогаш не постои законски начин да се земе нешто од другите и да се присвои – посочи Захарова.