Захарова уверува дека владее општа хистерија и пропаганда

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека реакцијата на светската заедница на потезите на Русија, вклучувајќи ја и изгласаната резолуција на Генералното собрание на ОН, е хистерична и дека изјавите на официјалните лица се апсурдни, пренесоа руските медиуми.

– Тоа е хистерија, тоа е заплашување, сето тоа заедно. Тие ќе изнесуваат сѐ повеќе и повеќе апсурдни тврдења – рече таа.

Русија, наведе таа, се обидела да го спречи актуелниот развој на настаните во Украина, но Западот избрал да не обрнува внимание на тоа.

– Сето ова е претставено како долго очекувана и посакувана акција на Русија. Сепак, тоа е принудна ситуација. Ова се случи откако беа исцрпени сите можности за преговори, компромиси и објаснувања. Неопходно е да се сфати тоа – нагласи Захарова.

Таа оцени дека „неверојатно е што Западот сега се спушта до такво ниво што не сака да преземе никаква одговорност за настаните во Украина“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.