Зајакнати контроли на скопските патишта: 71 пијан возач, 40 возеле пребрзо, а 24 без возачка

89

Од скопската полиција соопштуваат дека изминатиов викенд биле санкционирани 610 учесници во сообраќајот, согласно Законот за безбедност во сообраќајот.

При зајакнатата контрола за време на викендот биле алкотестирани  вкупно 241 возач а кај 71 возач е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 40 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, додека пак без возачка дозвола управувале 24 возачи.

Кај 27 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, биле идентификувани две технички неисправни возила. Исто така, 120 возачи  управувале возила со над дозволената брзина, а од нив 40 возачи управувале возило со над 90 километри на час во населено место.

Според информациите од полицијата  изречени се 17 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 18 прекршоци за зборување на мобилен телефон, пет прекршоци на пешаци кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи, четири прекршоци за непрописно престројување, 14 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 181 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, пет прекршоци за возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаци, а со пајак возило подигнати се 125 возила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.