Зајков продолжува со Шарлерој, договорена е едногодишна позајмица

Зајков не успеа да се наметне во Рен, продолжува во Шарлерој

Зајков не успеа да се наметне во Рен, каде пристигна минатото лето, па така во договор со управата на францускиот тим македонскиот фудбалер ќе замине на едногодишна позајмица во Шарлерој.

Белгискиот клуб на крајот од сезоната ќе има можност и целосно да го откупи неговиот договор, се разбира доколку Зајков ги задоволи апетитите на челните луѓе во Шарлерој.

Младиот Зајков ќе стане третиот македонски интернационалец кој ќе настапува во белгиската Јупилер лига, покрај Јове Костовски (Леувен) и Бесарт Абдурахими (Локерен), а тука е и поранешниот селектор на Македонија, Чедомир Јаневски, кој седи на клупата на Мускрон.

По пет одиграни кола во белгискиот шампионат, Шарлерој котира на 11-та позиција со шест освоени поени.