Закани по безбедноста на новинарот Златев и неговото семејство

1548

Новинарот на порталот Економски Лидер, Љупчо Златев, вечерва објави на својот фејсбук профил дека била загрозена безбедноста на неговото семејство, за што тој ја сомничи владејачката СДСМ.

Според Златев, најавува дека откако рано утре наутро случајот ќе го пријави во полиција, ќе ги обелодени поединостите за инцидентот. Новинарот смета дека станува збор за реакција на власта не неговите прашања упатени до премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференија посветена на насамарувањето на македонскиот премиер од страна на двајата руски пранкери.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.