Закани со затвор и мито од 2 милиони евра се демократски вредности на Европа?

Министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос се огласи со реакција на денешните случувања во Собранието во Скопје.

Лидерот на партијата Независни Грци на својот профил на Твитер рече дека е засрамен што во Европа за вредности во демократијата се сметаат закани со одење во затвор или мито од 2 милиони  евра „црни пари“ за да го добијат нечиј глас.

Каменос, кој е коалициски партнер на Ципрас во Владата на Грција е противник на Договорот од Преспа.