Заканите кон поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од функционер на СДСМ не сопираат

аканите кон поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМЕ, Васко Наумовски, од страна на истакнат член на СДСМ, Живко Аспов, не сопираат.

Наумовски се обрати до нашата редакција, а воедно ни испрати и фотографии од пораките кои му биле упатени од страна на Живко Аспов, кој пак важи за висок партиски функционер на СДСМ.

Да потсетиме дека токму Живко Аспов и неговата ќерка на нејзината свадба пукаа со службениот пиштол пред очите на началникот на СВР Битола Славко Јовановски.

Ова не е прв пат вака да му се упатуваат закани на Наумовски од страна на Аспов,

Имено Наумовски случајот неколку пати го пријавуваше и во полиција, а оттаму одбивале да му помогнат и му викале да го гони со приватна тужба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.