Закажување за пасоши и лични карти преку мобилен

Министерството за внатрешни работи од денес започна со закажувањето термини за аплицирање за биометриски лични документи и преку мобилниот број 072929292.

Покрај онлајн закажувањето преку веб страната на МВР (http://termin.mvr.gov.mk/) и со телефонското закажување на бројот 0800 192 92, граѓаните ќе може да закажуваат термини и со јавување на мобилниот телефонски број 072929292. Обезбедени се 30 линии (оператори) кои ќе ги опслужуваат граѓаните и со тоа во голема мера ќе им се олесни побрзо да ги извадат своите лични документи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.