Заклучоци на Владата за спречување на внесување и ширење на коронавирусот

78

Владата го разгледа разгледа Записникот од Првиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирусот Ковид 19, одржан на 16 март 2020 година и согласно предлозите изнесени во расправата на седницата, ги усови следниве заклучоци:

1.Се задолжуваат Министерството за внатрешни работи, Центарот за управување со кризи и Министерството за здравство да ја разгледаат можноста преку соодветен начин сите лица кои се затекнати во своите викенд куќи за одмор и рекреација кои се наоѓаат внатре во подрчајата на општините на кои постои кризна состојба или во непосредна околина на истите (Маврово и Ростуша) безбедно да ги напуштат своите викенд куќи за престој, по претходна проверка од страна на епидемиолози.

Доколку не е можно спроведување и реализирање на оваа мерка , да се преземат мерки за активности од надлежните институции за редовен дотур на храна и продукти неопходни за овие лица.

2.Се затвораат сите гранични премини во РСМ за премин на странски државјани – патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возила, за претставниците од дипломатскиот кор во Република Северна Македонија, како и за други лица, за кои Министерството за внатрешни работи ќе даде дозвола по претходно мислење од Главниот координативен кризен штаб кој ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес. Овие товарни возила и лица ќе влезат во Република Северна Македонија според посебни услови за заштита согласно протоколот на Министерството за здравство.

3.Се затвора Меѓународниот аеродром Скопје и граничниот премин на овој аеродорм по истек на 48 часа од денот на влегувањето во сила на оваа одлука, освен за државни, воени, хуманитарни, болнички, карго и легови без патници за позиционирање на воздухоплови, со претходна најава до аеродромскиот оператор ТАВ Македонија ДООЕЛ, а АД М-НАВ Скопје да издаде НОТАМ препораки за истото.

4.Согласно мерките од зкалучоците бр. 3 и 4, Владата донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлука за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус Ковид 19.

5.Се задолжува Министерството за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат, за професионалните возачи на товарните возила кои влегуваат во Република Северна Македонија да издадат посебна дозвола или посебен здравствен протокол со кој ќе се обезбеди посебен здравствен и протоколарен  режим  на влез во државата на овие лица. Претходно дадената лична изјава се смета за неважечка.

6.Се задолжуваат Министерството за надворешни работи и Министерството за транспорт  и врски, заеднички да ги разгледаат можностите за враќање на државјаните на Република Северна Македонија кои се затечени на аеродромите во Загреб, Истанбул, Виена и Варшава, односно со автобуски превоз овие државјани да бидат донесени во Република Северна Македонија.

7.Да се препорача на Судскиот совет и на Врховниот суд на Република Северна Македонија да ја разгледаат можноста и да препорачаат на претседателите на судовите да направат план за одложување на судењата, со исклучок на оние судски предмети кај кои постои потреба од итност на постапување, како што се предмети кои се пред застарување, предмети во кои се изречени мерки притвор или други мерки за обезбедување на присуство, како и предмети кај кои сериозно би било нарушено правото на судење во разумен рок, предмети кои се стасани до изрекување пресуди, предмети за кои се одлучува без јавна расправа и сл.

8.Да се препорача на Нотарската комора на Република Северна Македонија, Адвокатската комора  во Република Северна Македонија и Комората на извршители на Република Северна Македонија да ги спроведуваат сите мерки заклучоци и препораки донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија.

9.Се задолжува Министерстовто за внатрешни работи, возилата на граничната полиција да ги стави на располагање за потребите на Армијата на Република Северна Македонија за мобилните патроли во граничните предели.

10.Се задолжува Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите и проверките на лицата кои се упатени да спроведат самоизолација и за почитување на мерките на Владата и за истото да ја известува Владата на дневна основа.

11.Се задолжува Министерството за внатрешни работи на дневна основа да ја известува Владата за исходот од извршените контроли на граничните премини, бројот на контроли и издадените дозволи.

12.Се укажува на Железници на Република Северна Македонија, Транспорт АД Скопје, по принципот на донесените одлуки од ЈСП Скопје, времено да ги прекинат мерките кои се однесуваа на бесплатните билети и бесплатниот превоз за возрасни лица.

13.Сите неопходни и итни потреби и набавки на сите државни институции во Република Северна Македонија, поврзани со обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус Ковид 19, институциите да ги извршат со финансиски средства од сопствениот бруџет за 2020 година.

  1. Да се упати апел до граѓаните во Република Северна Македонија да не патуваат надвор од државата.

15.Владата ги прифати Препораките на Министерството за здравство за превозниците кои патуваат во средно и високо ризичните земји.

16.Се задолжуваат Министерството за здравство и Министерството за внатрешни работи, Изјавите за самоизолација да ги преведат и на албански јазик.

Препораки за превозници кои патуваат во средно и високо ризичини земји

На лицата кои патуваат низ земјите со среден и висок ризик на Ковид 19, а кои управуваат тешки товарни моторни возила за превоз на прехранбени производи и друга стока, за време на нивниот транзитен превоз и престој, утовар или растовар на стока во овие земји, им се препорачува да ги почитуваат следните мерки за лична и колективна заштита:

1.Им се ограничуваат контактите и движењата на патните правци од точка А до точка Б, освен заради потреба од обезбедување на храна и тоалет.

2.Се забранува контакт со други лица

3.До колку излезат да купат храна или за тоалет, задолжително да користат лични заштитни средства и тоа:

-ракавици за еднократна употреба

-заштитни маски N 95 или FFP 3 за единечен филтер

-нема потреба од носење на заштитни мантили, како и заштитни ночари и каљачи

Заради можноста од остварување на директен респираторен контакт со заболени лица на Ковид 19 во мотелите , хотелите и рестораните се препорачува  – да спијат во кабините на своите моторни возила.

При враќање во РСМ да стапат во контакт со надлежна епидемиолошка служба Центар за јавно здравје заради добивање на натамошни инструкции за мерки и постапки до колку пројават симтоматологија.

За време на патувањето

-После секој контакт во маркет, продавница, тоалет задолжителна е дезинфекција на рацете.

-Максимално избегнување на контакт со други лица повеќе од 10 – 15 секунди (особено со лица со симптоми)

-Почетсто проветрување на кабината за време на возењето

-При престојот во кабина нема потреба од носење на лична заштитна опрема

-Забрането е примање на слепи патници

-Задолжително обезбедедно средства за дезинфекција на раце на база на алкохол за време на патувањето.

Се задолжува Здружението на лиценцирани авто превозници да изготви свој оперативен план за да се спроведе ротирање на возачите, односно нивна последователна промена при патувањата во средно и високо ризичини земји.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.