Заклучување за шест милиони луѓе во Женгжу, седиштето на производството на iPhone

Женгжу, градот во централна Кина во кој се наоѓа големата фабрика за производство на iPhone, нареди затворање на шест милиони луѓе по остриот раст на случаите на Covid-19, што предизвика жестоки протести во овој индустриски центар.

Стотици работници протестирале пред погоните и се соочиле со полицијата облечена во бели комбинезони за заштита од зарази и вооружена со палки. Веднаш потоа градските власти наредија голема кампања за тестирање на коронавирусот во повеќе населби кои се затворени на пет дена, почнувајќи од петокот вечерта.

Жителите од центарот на градот повеќе не можат да излезат од своите населби без негативен PCR тест и дозвола од локалните власти. Советувано им е да не ги напуштаат населбите „освен доколку е итно потребно“.

Овие мерки погодија околу половината од населението на Женгжу и не се однесува на делот од градот во кој се наоѓа фабриката за iPhone, во којашто работниците веќе се подвргнати на строгите мерки со седмици наназад.

Во рамките на својата политика „нулта Covid-19“, којашто Кина ревносно ја применува, и најмал пораст на заразата резултира со затворање на цели градови и задолжителен карантин за сите кои се позитивни на коронавирусот. Но кај повеќето луѓе таквата стратегија предизвикува замор, отпор и огорчување.

Министерството за здравство во четвртокот објави нов рекорден броја на позитивните на Covid-19 во последните 24 часа: 31,44 локални случаи од кои 27.517 биле без симптоми. Сепак, овие бројки се многу мали кога ќе се имаат предвид 1,4 милијарди жители на Кина и бројките во западните земји.