Закон за обвинителство во „европско знаменце“ за спасување на Заев

315

Иако дури и евроамбасадорот Самуел Жбогар минатата седмица реле дека Законот за јавно обвинителсво не е круцијален услов за почетокот на преговорите со ЕУ, извршителите на Зоран Заев во владата оглушувајќи се на забелешките на опозицијата ноќта во неделата го усвоија предлог-законот и тој со забрзана процедура ќе биде поднесен во Собранието, со единствена цел токму Заев да биде спасен од одговроност.

Ваквата одлука на кадрите на СДСМ во техничкиот владин кабинет следеше откако во јавноста се огласи со поддршка на предлогот од страна на ткн „независни“ пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои во тензична и коруптивна атмосфера гласаа за промена на уставното име. Со нивната поддршка, Заев смета дека законот ќе биде усвоен по негов терк, оглушувајќи се на забелешките од експертите и опозицијата.

„Европската комисија не го стави Законот за јавно обвинителство како услов за почеток на преговорите, но тој  треба да биде доенсен, бидејќи на таков начин ќе покажете промена на начинот на мислење што е минимумот потребен да се направи за отворање на преговори“, порача Жбогар.

Меѓутоа, со начинот на кој Заев и СДСМ инсистираат да биде прифатена нивната верзија на Законот за јавно обвинителство, аналогно на пораката од евроамбасадорот за испраќање порака, сега се испраќа пораката дека не е важно што мисли стручната заедница или опозицијата која го претставува значителниот дел од македонските граѓани, туку предност има желбата на власта. А поради таквите интенции во изминатите три години, според Индексот на демократија на британскиот неделник „Економист“ Македонија е во групата држави владеени со „хибриден режим“.

Дека предлогот на законот за јавното обвинителство, вака како што е поставен е во корист на СДСМ и, јасно укажува брзањето по секоја цена да биде донесен иако од дамна е веќе познат датумот на одржувањето на предвремените парламентарни избор. Јавната расправа за законот којашто СДСМ ја прифати дури сега, ВМРО-ДПМНЕ ја предложи уште пред десетина месеци, а како што произлезе од неа таа навистина била корисна. Затоа што експертите дадоа сериозни критики и забелешки. Текстот по кој се водеше јавната расправа во Собранието и по кој експертите ги дадоа своите видувања и своите заклучоци се уште е драфт верзија, која не е дадена како предлог текст до Собранието на Република Македонија. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека ако министерката Дескоска зборува за оној предлог текст кој што е во собраниска процедура веќе имаше поднесено амандмани.

Интересен за познавачите е и членот 110 од предлогот на Владата кој всушност може да се сфати и како ослободување на Заев од одговорност за прислушуваните материјали за кои сѐ погласно се зборува дека ги поседува и оти со нов врши притисок врз одредени лица од политиката, но и деловната заедница. Со него, меѓу другото, ќе биде оневозможено „бомбите“ да бидат користени во повеќе случаи, меѓу кои и во случајот „Моќник“, кој се однесува на коалицискиот партнер на Заев, челникот на ДУИ, Али Ахмети.

Според правните ексеперти има уште една „фалинка“ во овој член, имино „оваа одредба е предмет на Законот за кривична постапка, па како таква не може да се регулира со овој закон, тоа ја прави и противуставна“, смета Александат Даштевски.

Меѓутоа, исто така, ваквите одредби посочуваат дека прислушувани разговори нема да можат да бидат користени и во случаи како „Леонардо“, „Пациент“, „Рекер 2“ или други во кои се инволвирани лица од актуелната власт, па и самиот Зоран Заев, како што беа материјалите кои ги емитуваше италијанска Ла Верита, со детали за тоа како браќата Заеви потплаќале граѓани за победа во Струмица на локалните избори, но за најавената нова главна обвинителка Вилма Рускоска, тука немало основ за гонење.

Покрај тоа нема да може да се користи ниту неодамна обајвената целосна снимка од случајот „Поткуп“. Иако на неа јасно се гледа како Заев извршува кривично дело, тој беше ослободен од страна на Весна Димишкова, истата судијка која го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ по барање на СЈО, за веднаш потоа биде повикан и уценет и претседателот на партијата Христијан Мицкоски од страна на Катица Јанева, за возврат доколку се одмрзне имотот на партијата на ВМРО-ДПМНЕ, да биде дадена поддршка од страна на партијата за продолжување на мандатот на специјалната обвинителка.

Доколку биде изгласано ваквото законско решение, тоа би значело дека „бомбите“ нема да се користат како докази. Но не станува збор само за индиции како што се толкува од страна на владејчката гарнитура. Во прашање е кредибилна проверка на веродостојноста на самите материјали, односно како што своевремено изјави Зоран Верушевски дека тие се „страотно модификувани и компромитирани“. Покрај тоа, го отвораат и прашањето кој манипулирал со нив и ги „модификувал“.

Постапките покренати од поранешното Специјалното јавно обвинителство продолжуваат, а тоа се гарантира со законот за Јавно обвинителство кој треба да биде изгласан во Собранието. Законското решение предвидува предметите од надлежност на СЈО кои се преземени од јавниот обвинител Љубомир Јовески, да се распоредат по јавните обвинителства за натамошно гонење. Согласно членот 110, по донесувањето на законот, незаконски прислушуваните разговори нема да можат да бидат основа за обвинение, надлежен суд до 30-ти јуни 2017 година, како што предвидуваше законот за СЈО.

Аудиозаписите и транскриптите од „бомбите“ за предметите покренати по 30-ти јуни 2017 година можат да се користат само како индиции и на нив не може да се заснова обвинителен акт или обвинителен предлог, односно тие не можат да бидат предложени и употребени како доказ во постапката.

Бомбите кои досега не се докази во постапките пред судовите, а воедно не се дел ниту од предметите кои се во фаза на истрага, нема да можат повторно да бидат преслушани или употребени во која било постапка, пишува во законското решение, во кое се додава дека незаконски прислушуваните разговори ќе бидат уништени три месеца по донесување правосилна судска одлука.

Со примената на законот, Советот на јавните обвинители ќе треба да донесе одлука за зголемување на бројот на јавните обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, со кое моментално раководи Вилма Русковска. Законот предвидува Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, меѓу другото, да постапува и за најтешките кривични дела како што се перење пари, злоупотреба на службената положба и овластување, примање поткуп, терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, тероризам, злоупотреба на постапката за јавен повик, како и за кривични дела извршени од организирана група од три или повеќе лица, за кои е предвидена казна затвор од најмалку четири години. Најголем дел од предметите покренати од СЈО во себе содржат сомневања дека обвинетите ги сториле овие кривични дела.

Специјалното јавно обвинителство, иако целосно избламирано и инструментализрано по желбата на владејката СДСМ и Заев ќе постои до 30-ти јуни 2020 година, а потоа тоа се укинува и почнува да важи новиот закон за Јавно обвинителство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.