Законот за амнестија за помали кривични дела се очекува утре да се најде на седница на Влада

Законот за амнестија за помали кривични дела се очекува утре да се најде на седница на Влада, најави денеска претседателот на Владата, Димитар Ковачевски кој одговараше на прашања за законите за амнестија и Кривичниот законик. Ковачевски истакна дека претходно Законот за амнестија за помали кривични дела е презентиран на Владина седница, но заради технички усогласувања со секторот законодавство даден е период до утрешната седница на Влада.

-И како таков откако е усогласен, односно откако ќе биде усогласен ќе биде поднесен до Собранието, потоа од пратениците зависи дали ќе биде донесен, во која форма ќе биде донесен и кога ќе биде донесенрече Ковачевски.

Прашан зошто на Кривичниот законик не е потпишан министерот за правда, Лога,туку заменик министерот за правда, Ковачевски со одговор дека согласно Законот за Влада може да биде потпишан или од министер или заменик министер, а во зависно од тоа кој бил вклучен во процесот.

-Јас не можам да зборам во име на други, но таа одлука е донесена едногласно на Влада и е помината во Собрание и е усогласено со законодавтсво на Европска Унија. Еве земете го германското законодавство, јас многу добро го знам германското законодавство и ќе видете какви членови има и ќе видете дали има такви членови кои кај нас ги има, потоа земете ја висината на казните во Словенија, бидејќи ние за некои работи сакаме да се повикуваме на Германија, сакаме да се повикуваме на Словенија, ама некогаш сакаме да не се повикуваме ниту на Германија, ниту на Словенија. Туку ако може да се повикаме на Азербеџајн, Казахстан, знаете тоа некако ми изгледа со двојни аршинивели Ковачевски.

Ковачевски истакна дека се е сработено согласно Закон и согласно со процедурите и какошто вели не гледа ништо спорно во тоа и има изјави од екпсерти коишто потврдија дека усогласувањето е направено согласно законите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.