Законот за јавно обвинителство мора да е европски, а не политички по терк на СДСМ

Ако мене лично ме прашувате јас сметам дека ниту еден од специјалните јавни обвинители во СЈО не беа добри, бидејќи ниту еден предмет освен Тенк не успеа да го завршат бидејќи немаат цврсти и квалитетни докази, вели професорот и аналитичар Александар Даштевски во гостување во емисијата Тренд Анализа на ТВ 24.

Во однос на предлог законот за Јавно обвинителство, Даштевски посочи дека Република Македонија мора да донесе закон кој што е европски закон и кој што може да се имплементира во Македонија, а не по терк на политичка партија која сака да донесе закон со условени персонални решенија.

Една од забелешките на францускиот претседател Макрон зошто не даде согласност за почеток на преговорите на државата е токму тоа, имплементација на законите односно колку тие се имплементираат во реалност, а не само нивно донесување, нагласи тој.

Според Даштевски, извршната власт не смее да се меша во судската ниту во законодавната коментирајќи ги изјавите на градоначалникот на Сарај каде што јавно кажа дека Заев барал тој да врши влијание во смена на претседателот на судот.

Ние слушнавме како премиерот Заев сам се договарал со градоначалникот на општина Сарај да изврши влијание за да се смени претседателот на суд. Тоа не смее да се случи бидејќи мора да се почитува поделбата на власта на судска, извршна и законодавна, рече Даштевски.