Законот за ЈО во вторник во собраниска процедура, а ќе има и јавна расправа

И покрај напуштањето на вчерашната средба на пратеничките групи за законот за ЈО од претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, наредната недела ќе биде организирана јавна расправа по предложениот текст. Ова и вчера во изјава по средбата и денеска на Фејсбук профилот го потврди министерката за правда Рената Дескоска која беше иницијатор на вчерашната средба.

Законот треба во вторник да биде во собраниска процедура.

Власта не отстапува од црвените линии за избор и разрешување на државен јавен обвинител и преодните и заврши одбреди кои се однесуваат на обвинителите од порашеното СЈО.

Во текот на неделата ќе се организира и јавна расправа на која ќе бидта поканети државниот обвинител Љубомир Јовески и експерти од кривичната област.

ВМРО ДПМНЕ ќе учествува на расправата. Лидерот на партијата Христијан Мицксоски вели дека без прифаќање на нивните забелешки нема да дадат подршка на законот.