Законот за попис не нуди доволно транспарентност

Законот за попис, ваков каков што е, не нуди доволна транспарентност за да застанеме зад неговото донесување, рече во понеделникот вечерта професорот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драги Димитриевски на дебата на Телевизија 24 со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

„Не се согласуваме за лицата коишто во моментот на пописот нема да се најдат на лице место, податоци ќе даде личност која ќе го каже матичниот број, односно личност која што најдобро ги познава податоците“, рече Димитриевски.

Забележа дека, меѓутоа, во законот не е дефинирано кое е тоа лице коешто ќе ги даде податоците, поради што од ВМРО-ДПМНЕ бараат тоа да биде дефинирано, а и оти не е дефинирано за колку лица ќе даде податоци, кои се тие лица, кои се тие документи со коишто ќе се докаже дека тие податоци се валидни.

Димитриевски истакна дека не само што самиот закон за попис е носен на еден начин на кој ја нема методологијата во законот, во неа бараат да се прецизираат одредени работи, како и начинот на којшто тој се носи со европското знаменце.

„Самиот начин на којшто се носи законот односно се изготвил во собранието, со европско знаменце смета дека не нуди транспарентност со која што ќе може сите да застанеме зад неговото донесување ваков каков што е“, рече професорот.

Димитриевски смета дека не треба да се доведеме во ситуација во која што резултатите при спроведен попис како во минатото би биле дискутабилни од одредени групи и етнички заедници.

„За лицата кои ќе се попишуваат електронски преку апликација односно не резиденти, нам ни е важно тоа прашање и значајно и останува истото да го дебатираме на наредни состаноци“, истакна Димитриевски.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.