11.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Законот за попис утре на гласање во Собрание

Законот за попис се уште не е донесен, а веќе почнаа лицитација со бројки за етничките заедници.

Стекнатите права не може да се изгубат по конечните резултати од пописот, вели премиерот Зоран Заев. Според него никој нема право да ги оспорува, и рече дека раководството на ВМРО ДПМНЕ е неодговорно бидејќи досега заеднички не го изгласале законот.

ВМРО ДПМНЕ се сомнева во политички договор во власта за попишувањето и обвинуваат за непочитување на европски стандарди како и спроведување на важна операција без консензус со опозицијата.

Гласањето за Законот за попис е закажано за утре. Расправата заврши минатата недела со одбивање на сите предлози од опозицијата, но седницата се одолговлекуваше бидејќи од власта има ковид-позитивни пратеници и го немаше потребното мнозинство за гласање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.