Законот за СЈО ќе се гласа по скратена постапка во Собранието

Законот за јавно обвинителство, со кое се одредува и иднината на СЈО, ќе се носи по скратена постапка, одлучи Собранието денеска, откако за тоа гласаа 58 пратеници од мнозинство присутни.

„Со стискањето на компчето че покажеме дали сме за евроинтеграции или не и да го изгаснеме пожарот во кој сме повече години. Имаме ситуација во која е отворен сериозен случај – „Рекет“. Треба да има ефикасна правда за сите – без оглед на која гарнитура припаѓаат. Се работи за гонење на криминал на „белите крагњи“. Пратениците да покажат дали се навистина за евроинтеграциските процеси. Не треба да имате дилема дека иднината на нашите граѓани е во ЕУ. Затоа подржете го носењето на овој закон по скратена постапка “, рече Ренатра Дескоска, министерката за правда, пред гласањето.

Законот се сели на расправа во собраниската комисија за европски прашања, каде се очекува почеток на дебатата од четврток.

– Се работи за краток закон со неколку измени и мислам дека се исполнети условите за носење на законот по скратена постапка, рече Оливер Ристовски, заменик-министерот за правда во законодавниот дом.

Засега нема договор за ова законско решение помеѓу власта и опозицијата и се очекуваат забелешките на ВМРО-ДПМНЕ да бидат поднесени во амандмани.