Законот за зголемување на платите за 5 % во администрацијата пред пратениците

Во собраниска процедура пред пратениците е Предлог на закон  за дополнување на законот за исплата на платите во Република Македонија со кој се предвидува  зголемување на платите за вработените во јавната администрација.

Законот кој што беше предложен од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Колицијата „За подобра Македонија“ предвидува платите во администрацијата да се зголемат за 5% и тоа во 2018 година платите да се зголемат за 5% започнувајќи со исплатата за јануари 2018  година, и за 2020 година платите да се зголемат за 5% започнувајќи со исплатата за јануари 2020 година.

Доколку овој закон кој што е предоложен од страна на опозицијата наиде на поддршка од останатите пратеници во Собранието на Република Македонија ќе се овозможи  5% зголемување на платите во полицијата, војската, здравството, згоелмување за 5% ќе добијат и наставниците во училиштата, професорите на факултетите,  вработените во фондовите и агенциите, центрите за социјални грижи, трудовите работници и сите оние  кои што влегуваат во категорија државни и јавни службеници.

Со донесување на овој закон ќе продолжи трендот на зголемување на платите во администрацијата. Во изминатите години платите на вработените во администрацијата се зголемија за повеќе од 27%.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.