Законските измени за зголемување на минималната плата за седум дена на Економско социјален совет

Законските измени со кои што се предвидува зголемување на мининмалната плата за седум дена ќе се најде на седница на Економско социјалниот совет на Влада, истакна денеска министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, на средба со претставниците на синдикалните организации.

„Како резултат на социјалниот дијалог и социјалното партнерство, соработката со синдикатите, но и соработката со организациите на работодавачи, како и  созревањето на околностите, објавувам дека веќе изготвиме законско решение за измени и дополнувања на Законот за минималната плата со коешто предвидуваме зголемување на минималната плата, законско решение кое веќе е доставено на мислење до синдикатите и организациите на работодавачите и коешто ќе биде разгледано за 7 дена на седница на Економско социјалниот совет“, потенцираше тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.