Заменик главниот извршен директор на ТАВ Аеродроми, Серкан Каптан се приклучува на тимот на ACI Europe

65

Заменик главниот извршен директор на турскиот холдинг ТАВ Аеродроми, кој е дел од групацијата АДП, Серкан Каптан, е избран за член во Одборот на Меѓународниот Совет на Аеродроми – Европа (Airports Council International-Europe), за време на годишното генерално собрание на оваа организација, коешто се одржува во Женева.

„Воздухопловната индустрија минува низ едно од најпредизвикувачките времиња во својата историја. Натамошната нормализација бара заеднички стандарди договорени од страна на носителите на одлуки, играчите во индустријата и засегнатите страни. ACI – Europe игра важна улога во овој поглед, како глас на европските аеродроми. Чест ми е што сум избран во Одборот на ACI-Еurope и со нетрпение очекувам да придонесам за закрепнување на индустријата“, рече Каптан, по повод неговото назначување во Одборот на ACI Europe.

Како ентузијаст кон авијацијата, со речиси 30 годишно работно искуство, Серкан Каптан ја почнал својата кариера во Birgenair Charter Group во 1991 година како оперативен супервизор. Потоа, четири години работел како консултант на Airport Consulting Vienna (ACV), пред да се приклучи на ТАВ Аеродроми во 2002 година.

Од 2006 година, Каптан ги води следните сегменти во ТАВ Аеродроми: развој на бизнисот, стратегија, маркетингот кон авиокомпаниите, истражувањето и развојот, како и инвестициските активности во групацијата.

Каптан беше назначен за заменик главен извршен директор на ТАВ Аеродроми во 2016 година и тој го надгледува бизнисот на групацијата на 92 аеродроми во 26 земји, вклучувајќи го и македонскиот пазар со двата македонски аеродроми – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид.

Каптан, исто така, е член на одборите на сите подружници на ТАВ Аеродроми, вклучувајќи ги аеродромите во Анталија, Медина и Загреб, како и во компаниите за земјени операции – ТГС, ЈВ на Туркиш ерлајнс и Хаваш.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.