Заменик градоначалникот на Скопје не го поддржa амандманот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за помош на ФК Вардар

Александар Трајаноски, заменик градоначалникот на Град Скопје и независен советник во советот на градот, на денешната седница изјави дека не го подржува амандманот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за доделување на финансиски средства на ФК Вардар во вредност од 15 милиони евра се со цел да се помогне финансиски за фудбалскиот клуб за враќање во Прва лига, под образложение дека ВМРО-ДПМНЕ е единствена советничка група кој предлага амандмани за ребаланс на буџетот за помош на 45 дена пред крајот на календарската година.

„Гледам дека во оваа дискусија точно е дека сакаат да се освојат симпатиите на оние кои што го сакаат спортот, а сето тоа се прави за егзистенцијата на овој спортски клуб. Не можам да кажам дека ФК Вардар е успешен бизнис или менаџерски модел затоа што оваа позитивна пракса која што воопшто не е позитивна, туку напротив е нелегитимна низ сите овие децении се повторува, рече Трајановски“.

Тој не објасни зошто ако постоеле злоупотреби, Арсовска не ги известила надлежните органи.

„Да размислуваме за решенија, но не го подржувам овој амандман“, рече Трајановски.

Поддршката на Вардар ја одби и градоначалничката Арсовска, но амандманот беше прифатен од мнозинството присутни советници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.