Заменик-министерката за образование Наумовска е против предлогот на НСДП

Заменик-министерката за образование, Елизабета Наумовска не се согласува со предлогот на НСДП вооптп да не се одржува учебната година 2020/2021.

„Кој гарантира дека наредна година нема да има Ковид-19, пак ќе бараме одложување? Тоа значи дека за 3-4 години додека трае кризава, учениците кои треба да бидат прво одделение, на 10-15 години ќе бидат првачиња?“, изјави Наумовска за ТВ24.

Таа реќе дека во моментов претставници на МОН се на усогласување на протоколите со претставници од санитарниот здравствен инспекторат и дека очекува од средината на септември децата од прво, второ и трето одделение да тргнат на настава во училиште.

„Децата од прво, второ и трето одделение не се доволно описменети за да работат на тастатура, а не знаат ни Кирилица и нивните родители не се во можност да им помогнат. Очекувам до средината на септември да започне новата учебна година“, вели Наумовска.