Заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски си поднесе оставка

Заменик-министерот за локална самоуправа од Демократскиот сојуз, Зоран Димитровски, си поднесе оставка на функцијата.

Во образложението вели дека причините се наведени во вчерашното соопштение на Централниот совет на ДС, односно оваа партија да премине во опозиција.