Заменик портпаролот на Белата куќа поднесе оставка

Заменик портпаролот на Белата куќа, Ти Џеј Дакло поднесе оставка откако беше суспендиран поради сексизам и закани кон новинарка, која му постави прашања за неговиот приватен живот.

Новинарката Тари Палмери од порталот Политико истражуваше за врската на Дакло со друга новинарка, а тој ја обвини дека е љубоморна и и се закани дека ќе и ја уништи кариерата.

Дакло претходно беше суспендиран на една недела без плата.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки изјави дека одлуката е донесена со поддршка на шефот на кабинет Рон Клајн.

– Секојдневно се обидуваме да ги исполниме стандардите поставени од претседателот постапувајќи кон другите со достоинство и почитување – посочи Псаки.

Тоа е прва оставла на член од новата американска администрација, на помалку од еден месец од стапување на должност на претседателот Џо Бајден.