Заменикот министер за култура учествувал во сообраќајката кај Собранието

Заменик министерот за култура, Владимир Лазовски, учествувал во сообраќајката што попладнево се случи пред Собранието, а во којашто е повреден мотоциклист.

Тој самиот ја потврди информацијата со статус на неговиот фејсбук профил, во кој вели дека доколку полицијата утврди негова вина, ќе сноси одговорност.

Најважно од сé е што мотоциклистот и јас сме добри. Цело време бев со него, пуштен е од болница, добро се чувствува. Јас немам повреди. Надлежните органи извршија увид и доколку се утврди моја вина ќе сносам одговорност, напиша Лазовски.

Имено, Лазовски кој управувал со автомобилот марка „пежо“, сопственост на Министерството за култура, направил тежок сообраќаен прекршок, вртејќи полукружно на булеварот преку две полни линии и удрил во мотоциклист.

Сообраќајката се случила на крстосницата кај Собранието и Градската болница „Наум Охридски“.