Заменикот на Камерон со критики кон мерките против имигрантите од Бугарија и Романија

Скандал во британската влада поради имигрантите. Во основата на жестокоста спор е правото на граѓаните од други земји членки на Европската унија да работат во Велика Британија.

Од први јануари се укинуваат ограничувањата за работа на Бугари и Романци во голем број земји од ЕУ, меѓу кои и Велика Британија. Вицепремиерот Ник Клег опиша како нелегални предлозите предвидени во документот на Министерството за внатрешни работи, да се ограничи до 75 илјади годишно бројот на имигрантите .

„Мојот совет до Министерството за внатрешни работи е да поминува помалку време во добивање на идеи кои се нелегални и повеќе време во исполнување на политиките за кои сме се договориле како коалиција“, повика Клег .

Министеротката за внатрешни работи Тереза Меј, изјави пак дека реформата на правото на слободно движење треба да е дел од евентуалните договорени услови на членството на Британија во Унијата.

„Треба да размислиме за критериумите што треба да ги применуваме на границите спрема новите земји во Унијата – кога и како тие можат да имаат корист од правото на слободно движење“, смета Меј.

Лидерот на опозициските лабуристите Ед Милибанд изјави дека Владата треба да излезе со нешто повеќе од приложување на таквите документи во печатот и недосбмислени предлози, за да се справи со проблемите.