Замина една од најголемите легенди, замина пријател и голем Македонец

Еден од најпознатите македонски актери, Ванчо Петрушевски, трагично го загуби животот во саботата на своја 67-годишна возраст, а тажната вест предивика болни реакции ширум земјата, особено меѓу неговите колеги кои неизмерно го ценат неговиот талент и придонес во македонската култура и патриотизмот.

Актерот и поранешен директор на Драмски театар, Роберт Вељановски, се прости од својот долгогодишен колега Ванчо Петрушевски.

-Замина една од најголемите легенди на Драмски! Пријател, колега, брат! МАКЕДОНЕЦ!!! Почивај во мир и Бог да те прости! Се гледаме, онаму, напиша тој.

 

Актерот Рубенс Муратовски сподели емотивен статус со кој се прости од својот колега, Ванчо Петрушевски, кој почина денес.

-Кога ќе си отиде глумец од моето детство, како да си оди и дел од мене. Дел од она кон кое сум се стремел. На кое сум завидувал и бескрајно го почитувал. Ванчо, беше баш таков. Но кога ќе си отиде глумец, знаеш дека неговите одиграни улоги ќе останат за навек….нека Ти е лесен патот кон светлината Ванчо, напиша Муратовски.

 

Актерката Јелена Жугиќ, се огласи по смртта на нејзиниот колега Ванчо Петрушевски.

-Нека ти е лесна земјата и вечно името драг колега Ванчо, со голема радост ќе се сеќавам на секоја наша претстава и дружба. Почивај во мир голем човеку, порача Жугиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.