Заминува позната компанија, уште еден удар за Путин

Русија доживува нов економски удар. Обаа земјата ја напушта најголемата технолошка компанија.

Најмоќната руска технолошка компанија „Yandex“ сака да ги прекине сите врски со таа земја за да ги заштити новите компании од последиците од војната во Украина. „Yandex“, холандска компанија која често се нарекува и „Руски Гугл“, ќе ги пренесе своите најперспективни нови технологии на пазарите надвор од Русија и ќе ги продаде постоечките деловни операции во земјата. Планот на компанијата е да се заштити од домашниот руски пазар и погубниот ефект од западните санкции, кој би можел да се прелее на компаниите надвор од Русија. Додале дека по инвазијата на Украина развојот на нови технологии, како автономни автомобили, вештачка интелигенција и „Cloud“ услуги, станал невозможен. Таквите операции кои бараат пристап на западниот пазар едноставно би пропаднале.

Ова би можело да ги наруши плановите на рускиот претседател Владимир Путин за развојот на домашните замени за високотехнолошката стока која доаѓа од Западот, пишува „The New York Times“.

Европската унија (ЕУ) ја подготвува деветтата рунда санкции против Русија, а по јагленот, нафтата, златото, кавијарот и вотката, на списокот би можело да има уште една ставка која изненадувачки ја немаше до сега. Руски дијаманти.

Откако почна руската инвазија на Украина, многу меѓународни компании ја напуштија земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.