Замрзнати кредитите за Грција

Меѓународната Тројка кредитори на Грција, составена од Европската комисија, Европската централна банка и ММФ, ја одложи својата мисија во Атина за следниот месец и го замрзна исплаќањето на кредитот во вредност од една милијарда евра, бидејќи грчките власти не ги спроведоа бараните реформи, соопшти Европската комисија.

„Техничките разговори ќе продолжат во Атина следната недела и се надеваме дека преговорите ќе можат да бидат обновени во грчкиот главен град во текот на следниот месец, доколку властите постигнат напредок во спроведувањето на реформите“, истакнал Сајмон О’Конор, портпарол на еврокомесарот за економски прашања Оли Рен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.